Како општокорисната работа ви помага да бидете поразвиен студент?


Веројатно може да се поистоветите со студент од прва година кој не е сигурен за својата иднина. Помеѓу 20% и 50% од студентите започнуваат на универзитет неопределени и 75% ќе ја сменат својата насока барем еднаш пред дипломирањето (Гордон, 1995).


На Универзитетот “Centenary” во Одделот кој се залага за заедницата, се среќаваме со многу студенти кои не се сигурни во нивната насока и нашата цел е да ги пополниме празнините во искуството и образованието што би ги спречило да ја изберат својата идна професија пред да дипломираат. Нема подобро време од овој пробен период на грешки во нивните животи, од овие почетни години на факултет, кога можеме да им ги понудиме поддршката и насочувањето што им се потребни.


Од гледна точка на студентите, услугата кон заедницата е нешто што тие го прават затоа што треба или бидејќи се “потребни” некому. Ние, од Одделот кој се залага за заедницата, тврдиме дека општокорисната работа им е потребна нив исто или повеќе од колку на заедницата на која и служат. Еве неколку придобивки што учениците ги добиваат од општокорисната работа.


Преносливи вештини
Постои изобилство на искуства во локалната заедница за кои не се потребни претходни квалификации и нудат обука, преносливи вештини и можности за создавање конекции. Откривме дека ученици кои се вклучуваат во своите заедници како волонтери на почетокот на своето образование се далеку пред своите врсници во однос на вештините за решавање проблеми, соработка, управување со времето, комуникација и лидерство. Сите овие атрибути се од витално значење на работното место и можат да се научат само преку искуство од прва рака.

Професионалните вештини може да се научат во училница, но интерперсоналните вештини се развиваат преку работа со други луѓе и навигација во нови ситуации. Зборувајќи за вештините што ги стекнала од волонтерството во “Centenary Gabrielle Lambe” вели дека „научила ефикасно да комуницира со други волонтери и да соработува во групни проекти“.


Правење резиме
Имајќи волонтерско искуство во вашата биографија ги зголемува шансите за наоѓање работа за 27% според Корпорацијата за национална и општокорисна работа. Волонтерското искуство честопати може да се поистоветува со стручно искуство, поради преносливите вештини кои се изучуваат во процесот. Ова е особено корисно за студентите, бидејќи тие честопати немаат директно искуство поврзано со работните места за кои ќе аплицираат.

Многу волонтерски програми обезбедуваат обука, така што волонтерите стекнуваат едукативен бенефит за да го додадат во нивната биографија. Бројот на компании кои нудат платено слободно време за волонтирање постојано се зголемува, бидејќи гледаат дека нивните вработени учат меѓучовечки вештини поефикасно додека волонтираат, отколку на обука поврзана со работата.

Студентите кои сакаат да основаат кариера треба да го земат ова предвид и да започнат што поскоро!

Кариерен пат и конекции
Подготвеноста да се експериментира со различни можности, исто така, може да ги одведе студентите на појасен пат кон нивната иднина. Нашите први прашања до новите студенти се за нивната област на студии, нивните интереси и какви вештини треба да изградат. Оттаму тие можат да бидат поставени на различни позиции што им овозможуваат да добијат перспектива во полето на кариера за која размислуваат.
Матурантката со насока за Кривична право, Шанен Валас сподели како служењето на заедницата за време на нејзиниот пролетен распуст и помогнало да донесе одлука за нејзиниот кариерен пат. „Имав можност да волонтирам како посетител во ИОИ притворот и ме трогнаа животните приказни на жените. Разбирајќи со што се борат, се зајакна мојата желба да учам Кривична право и ми даде слика за работите со кои ќе се соочам во мојата идна кариера “.

Заради широкиот спектар на можности за волонтери, се вклучија, студенти како Шанен ќе дипломираат не само со план за иднината, туку и со конекциите потребни за да започнат.

Вклучете се!


Најдобро време да се вклучите за служење на заедницата е како бруцош/студент. Додека започнете да практикувате како средношколец/матурант, ќе имате вештини да постигнете и да бидете професионален во која било кариера, а мрежата и резимето да ве пласираат пред конкуренцијата.
За да започнете, посетете го Одделот за залагање за заедницата и кажете им што ве интересира!

Ќе бидете изненадени од можностите кои ќе ги имате доколку сте подготвени да служите.