Хигиената е половина здравје

Работата со деца ни дава цел спектар на можности да предаваме и учиме, доживуваме и растеме. Токму затоа, во нашата програма за општо-корисна работа посветуваме особено внимание на работењето со деца. Една од активностите беше во соработка со „Дневен Центар за деца на улица“, каде волонтерите од МладиХаб беа придружба за децата низ Зоолошката градина во Скопје. На децата им беше тоа можност да научат нешто повеќе за крзнените жители на зоолошката. Други indoor активности вклучуваат: кратки обуки за орална хигиена, читање на митологија проследено со правење цртежи од приказните, помош при пишување на домашни и други друштвени игри.

 „Хигиената е половина здравје“ е идеја која станува се поприфатена насекаде околу нас, а ние почнавме да ја шириме уште пред неколку месеци. Суада, која е студентка по стоматологија, минатиот месец одржа интерактивна презентација за правилно миење заби во Daycare Centre for street children/ Дневен Центар за деца на улица во Шуто Оризари.