Садење дрва

Грижата за животната средина е тема која што не засега сите. Како што расте свеста, така расте и иницијативата од страна на различни организации и индивидуалци да направат некаква промена. МладиХаб прави мал чекор во овој правец.

Грижата за животната средина отсекогаш имала посебно место во нашата општокорисна работа. Активностите кои ги планиравме за обележување на Денот на екологијата моравме да ги одложиме и затоа, се потсетуваме на пошумувањето на дворот на училиштето Димитар Поп Георгиев Беровски што го спроведовме со Green Love. Заедно со Nikola Cvetkovski и Ivan Markovski ви подготвуваме интересни активности за периодот што следува, а дотогаш, чувајте се и чувајте ја природата!