Донација на искористено масло за јадење

Грижата за животната средина е тема која што не засега сите. Како што расте свеста, така расте и иницијативата од страна на различни организации и индивидуалци да направат некаква промена. МладиХаб прави мал чекор во овој правец.

Собирањето 3 литри искористено масло за јадење може да изгледа долг и напорен процес, но, за учесниците во нашиот проект, ништо што придонесува за доброто на заедницата, не е невомозможно. 

Маслото кое се собира, се донира на Суниленс  и ќе биде рециклирано, а со помош на ЗГ Вистински Дела На Љубезност, некое социјално-загрозено семејство ќе  добие половина литар свежо масло. 

На овој начин, ја чуваме животната средина и им помагаме на оние на кои им е потребна помош.