Википедија на Македонски јазик
На 2-ри октомври со поддршка од нашите пријатели од Споделено Знаење / Shared Knowledge, нашите учесници креираа и уредуваа статии на Википедија на македонски јазик. Ваквата општокорисна работа има за цел да шири знаење, и збогатување на содржините на Википедија на македонски јазик и допринесува за поголема информираност, поголема афирмација на македонскиот јазик.
Благодарност до Споделено знаење и до сите млади кои одвоија време да учествуваат на настанот и во нашите простории и на ZOOM.