МладиХаб – градење вештини за вработување, компетенции и можности за вмрежување за младите

Проектот „МладиХаб – градење вештини за вработување, компетенции и можности за вмрежување за младите” го спроведува Националниот младински совет на Македонија во соработка со CEEDHUB Скопје. Проектот е финансиран од Британската амбасада во Скопје и е поддржан од Претседателот на Република Северна Македонија, а неговата цел е да придонесе кон професионален развој и економска независност на младите преку одржлив систем за градење вештини и компетенции прилагодени на потребите на пазарот на труд.

Онлајн платформа за барање на работа

Барањето на работа никогаш не било полесно. Преку Платформата за барање на работа на МЛАДИ ХАБ можете да најдете работа или ангажман врз основа на вашите дигитални вештини.

00/00

Последни новости и настани

Повик за бесплатни сесии со психолог

По повод месец мај - месец за подигнување на свеста за менталното здравје, покрај работилниците за ментално здравје, во соработка со платформата Разговор.мк, решивме да овозможиме по 3 бесплатни сесии со психолог на 20 млади лица.

Повик за работилници за грижа за менталното здравје

Оваа година решивме да го одбележиме со неколку работилници кои имаат за цел да им помогнат на младите директно да се справат со одредени предизвици со кои можеби се соочуваат или ќе се соочат во иднина. Работилниците се наменети за млади лица на возраст од 15 – 29 години.

Програми

Туторство

Програмата за туторство ќе им помогне на 30 млади лица кои биле дел од проектот „МладиХаб - Дигитална младина”

Успешни приказни

Јас сум Марија Башеска и учествував во програмата за практиканство на МладиХаб. Со задоволство би учествувала на ваква или слична програма повторно. Вакви искуства даваат тврди вештини што остануваат со вас засекогаш, но и преглед во потенцијална идна кариера што може да ве информира дали сакате дополнително да се вложите или да барате нешто малку поразлично.

Јас сум Леона Вулетиќ, студент по право на Правен факултет при УГД. Учествував во програмата за практиканство спроведена од МладиХаб. Благодарение на програмата на МладиХаб се здобив со големо знаење и вештина која сметам дека е од огромно значење за моето образование и идна професија. Се запознав со многу нови и за мене предходно непознати работи, многу нови личности и нови искуства. Секојдневно извршувајќи ги редовните задачи, сфатив дека со помош на програмата добив голема желба и мотивација да продолжам понатаму, за да можам по завршувањето на студиите да ја работам работата што ја сакам.

Јас сум Сабрије Тефики од Тетово. Имам 24 години и сум Магистер по образовна психологија. И покрај различните фактори во нашата држава кои можат да не обесхрабрат, програмата за кариерно советување ми помогна да се уверам дека потојат многу можности и широк избор за кариера. По завршувањето на програмата, работам во повеќе насоки и со огромна страст бидејќи учеството во оваа пргограма ми помогна да разберам дека животот е процес на постојано учење.

Да останеме во контакт

Претплати се за да бидеш во тек со настаните и новостите на МладиХаб.

 
 
Се согласувам мојата email адреса да биде зачувана и да се користи за да добивам известувања на email