Data Science

Напредна обука за ИТ вештини во времетраење од 40 до 90 часа, за оваа обука треба учесниците да имаат предзнаења кои се утврдуваат преку тестирање спроведено од страна на тренинг провајдерот

Обуката за Data Science  е дел од третиот циклус обуки на МладиХаб. Часовите ќе бидат од 17:00 до 19:00 часот.

Опис на обуката Data Science:

Преку оваа обука ќе стекнете целосна слика за тоа како работи еден бизнис. Целосната слика се добива преку разбирање на големата бизнис-идеја (со дефинирање и следење на KPIs), како и „спуштање“ на ниво на податоци, т.е. работа со база на податоци и визуелизација.

Моделирање и предвидување на податоци.
Што ќе добиете преку оваа обука?
Преку оваа обука ќе стекнете целосна слика за тоа како работи (или треба да работи) еден бизнис. Целосната слика се добива преку разбирање на големата бизнис-идеја (со дефинирање и следење на KPIs), како и „спуштање“ на ниво на податоци, т.е. работа со база на податоци и визуелизација.
Дополнително, ќе добиете супер-насочено менторство од страна на предавачите, за време на обуката, како и по нејзиното завршување. Секако, нашата комуникација ќе биде продлабочена и со заедничко вклучување во интерни групи на комуникација сѐ со цел споделување на можности за работа, проекти, како и помош при реални предизвици и проекти.
Фази на обуката
1.1 Теорија
Првата фаза од обуката е теоретски вовед во Business Intelligence и релациони бази на податоци. По воведот во тоа што всушност претставува BI, ќе ги идентификуваме бизнис-потребите од BI, како и начините на кои бизнисите можат да ги следат определените цели. Знаејќи дека секој бизнис работи со податоци (кои некаде постојат т.е. се складираат/чуваат), во првата фаза ќе зборуваме и за најчестиот начин за чувањена податоци-релационата база на податоци.
1.2 Бази на податоци и SQL
Во оваа фаза детално ќе се посветиме на SQL (Structured Query Language). Ќе се
запознаеме со податочните типови во MS SQL Server и ќе ја изучиме TSQL синтаксата за
креирање, ажурирање и бришење податоци. Ќе видиме како со помош на SQL може да
поставиме прашања до базата на податоци и како да ги
трансформираме/интерпретираме одговорите. Прашањата кои ќе ги поставиме ќе
варираат од едноставни „како си“ прашања, до сложени прашања кои бараат одговори
на комплексни бизнис-потреби.
1.3 Power BI
Во третата фаза од обуката, се насочуваме кон визуелизација на податоци. Конкретно,ќе
ја изучуваме Microsoft Power BI алатката, која без сомнение е “to-go" алатка за брз,убав,
информативен и автоматски приказ на податоците. Ќе видиме како да се поврземе со
извор на податоци и како да го избереме вистинскиот визуелен приказ во зависност од
податоците. Ќе научиме како да комбинираме графици во dashboard, но уште поважно,
ќе научиме како да препознаваме пар (податоци, тип на график),бидејќи лоша
визуелизација на податоци НЕ Е подобра од било каква визуелизација.
1.4 Вовед во Data Science
Во оваа фаза ги научите концептите на полето на Data Science и како со помош на
машинско учење, кое воедно претставува и основа на сѐ во Data Science, да ги добиете
одговорите на правилно поставените бизнис-прашања. Ќе се запознаете со основите на
Data Analytics, Machine Learning, Big Data и Artificial Intelligence, односно со главните
столбови на Data Science.
1.5 Orange и креирање на Data Science модели
Во крајната фаза на оваа обука, ќе се посветиме на алатката Orange која што се користи
за визуализација, анализа и креирање на модели за машинско учење без при тоа да
треба да се има познавања од програмирање. Во оваа фаза секој слушател ќе има
можност да изработи проект

Следете не на нашите социјални мрежи  👉 https://www.facebook.com/mladihub/

Предавач

Tренинг провајдери