Q/A Software Testing

Напредна обука за ИТ вештини во времетраење од 40 до 90 часа, за оваа обука треба учесниците да имаат предзнаења кои се утврдуваат преку тестирање спроведено од страна на тренинг провајдерот

Тестирањето на софтвер е една од најбараните професии од IT спектарот и чест избор на сите
оние кои претходно немале никаков допир со програмирањето а сакаат да станат дел од оваа
перспективна индустрија. Покрај можноста за брз почеток на нова кариера, оваа квалификација
ќе им овозможи на студентите одлична база за развој и во останатите гранки на IT индустријата.
Преку практична работа и менторство од професионалци од индустријата, обуката ќе им помогне
на учесниците да го репродуцираат процесот на решавање реални тестинг проблеми.
Програмата ги опфаќа следниве модули:
● Вовед во IT технологии
● SQL
● Linux
● OOP (Java/Maven/TestNG Basics)
● Дизајн на тестирање
● Типови на тестирање
● Пријавување на дефекти
● Автоматско тестирање
● Selenium Web Driver
● Rest API Testing
● Appium
● Jmeter
● Презентациски вештини
● Настап на интервју
● Креирање CV

Обуката ќе се спроведува со динамика од три часа неделно. 

Предавач

Tренинг провајдери