Проектот „МладиХАБ-Дигитална младина“ е финансиран од Британската амбасада во Скопје, а го спроведуваат Националниот младински совет на Македонија и Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ со цел унапредување на дигиталните вештини на младите луѓе, нивниот ангажман во заедницата и зголемување на нивната вработливост.

„МладиХаб-Дигитална младина“ им нуди уникатна можност на младите да одговорат на дигиталната трансформација на економијата. Проектот ги подобрува нивните шанси за вработување, промовира иновативност, а со тоа придонесува кон економскиот развој на земјата.

Во зависност од нивните вештини и интереси, како и од потребите на заедниците во кои живеат, младите учествуваат во различни иницијативи и на тој начин добиваат пристап до обуките за дигитални и меки вештини. Покрај практичните и конкретни вештини што ги добиваат од обуките, преку ангажманот во нивните заедници и општеството, младите добиваат вмрежување и животно искуство од непроценлива вредност.

 

Години постоење

Националниот младинскиот совет на Македонија НМСМ e сојуз на здруженија во кој на доброволна основа членуваат здруженија и фондации од Република Македонија.

Повеќе
52
членки
13
тековни проекти
92
компании членки
11
тековни проекти

Години постоење

Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ ја претставува Македонската ИКТ индустрија и ги промовира и застапува бизнис интересите на ИКТ компаниите.

Повеќе