Во рамките на МладиХаб, општокорисната работа е основа за стекнување на дигитални вештини. Општокорисна работа е доброволно вложување на нашето време и труд во корист на заедницата, нејзините членови и институтции и забавен начин да ги откриете вашите интереси

Спремањето оброк е секогаш забавно кога го правиме за други луѓе. Затоа, во соработка со Ретвитни Оброк и Љубезност, учесниците на проектот имаа можност да го направат точно тоа. Во петок ќе ги засукаа ракавите и почнуваа со работа, за во сабота да можат да ги поделат оброците на оние на кои најмногу им требаат. Односно, готвиме со љубов за да има барем по еден оброк за секој што е гладен.

Поддршка на социјално загрозените лица

Грижа за социјално ранливи категории

Готвење храна за социјално ранливи категории

Грижа за социјално ранливи категории

Работата со деца ни дава цел спектар на можности да предаваме и учиме, доживуваме и растеме. Токму затоа, во нашата програма за општо-корисна работа посветуваме особено внимание на работењето со деца. Една од активностите беше во соработка со „Дневен Центар за деца на улица“, каде волонтерите од МладиХаб беа придружба за децата низ Зоолошката градина во Скопје. На децата им беше тоа можност да научат нешто повеќе за крзнените жители на зоолошката. Други indoor активности вклучуваат: кратки обуки за орална хигиена, читање на митологија проследено со правење цртежи од приказните, помош при пишување на домашни и други друштвени игри.

Хигиената е половина здравје

Работа со деца и млади

Грижата за животната средина е тема која што не засега сите. Како што расте свеста, така расте и иницијативата од страна на различни организации и индивидуалци да направат некаква промена. МладиХаб прави мал чекор во овој правец.

Садење растенија

Грижа за животна средина

Скулптури од рециклирани материјали

Грижа за животна средина

Садење дрва

Грижа за животна средина

Припрема на еко-забава

Грижа за животна средина

Учесниците во МладиХаб редовно ги поддржуваат активностите на непрофитните организации. Ваквата поддршка се обезбедува преку: помош при организацијата на различни видови настани, подготовка и преведување на информативни материјали на македонски, албански и англиски јазик, уредување на фотографии, креирање дизајни за социјални мрежи и презентации и слично.

Креирање на веб-страна

Поддршка на невладини организации

Здравјето е еден од нашите главни приоритети. За да живееме во едно здраво општество потребно е да се погрижиме за нашето сопствено здравје и потоа здравјето на оние околу нас.

Креирање маски

Грижа за колективното здравје

Учесниците во Програмата за општо-корисна работа и обуки за дигитални и бизнис вештини продолжуваат со поддршка на активностите на проектот. Токму тие се грижат за преведување на информативните содржини на англиски и на албански јазик. Благодарение на нив, допираме до младите од целата земја, им обезбедуваме пристап до обуки и ги вклучуваме во општо-корисни активности.

Превод на материјали

Поддршка на МладиХаб